БОГУТОВАЧКА БАЊА

8 ДЕКЕМВРИ

Програма

1
ПРВ ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА)
    Состанок на групата Битола во 02:30ч. Поаѓање во 03:00 ч. Со попатни зимања на патници Прилеп, Велес и Штип. Поаѓање Скопје во 05:00 ч со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку Граничен премин Табановце. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2
ВТОР ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА)-
    Појадок. Организирана посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.
3
ТРЕТ ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК)
    Појадок. По појадокот мoжност за факултативна посета на градот Краљево, градот со богата историја и култура. Разглед на градот (Трг српских ратника, господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музеј на градот Краљево, Соборна Црка Света Тројица, …) Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање
4
ЧЕТВРТИ ДЕН – 08.12.2026 (ВТОРНИК)
    Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување.. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА ДО 25.10.2026-185€

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 205 €

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

 

• Автобуски превоз на наведената релација

• Сместување во хотел Минерал 3*, 3 ноќевања (полн пансион-појадок, ручек и вечера)

• Сместување во двокреветни соби

• Посета на Манастирот Жича

• Туристички придружник за време на целото патување

• Организација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

• Факултативна посета на градот Краљево -10€(доплата на лице место)

 

 

НАПОМЕНИ:

  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 години, детето плаќа 100% од цената.
  • За single соба се доплаќа 45 евра
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање согласно Општите услови за патување.
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а целосната доплата се врши најдоцна 14 дена пред поаѓањето.
  • Патниците се должни за време на патувањето да ги почитуваат упатствата на туристичкиот придружник 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на НАТА и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ.