Aqua Spa Termale 4* - Нови Пазар

8 ДЕКЕМВРИ

Програма

1
ПРВ ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) БИТОЛА / СКОПЈЕ – AQUA SPA TERMALE 4*
    Состанок на групата во Битола во 02:45 часот. Поаѓање кон Скопје во 03:00 часот. Патувањето продолжува преку Велес, со организиран прием на патници од наведените градови. Поаѓање од Скопје во 05:00 часот, со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце. Пристигнување во Aqua Spa Termale 4* околу пладне и сместување по соби. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на спа и велнес центарот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин, 18:00–22:00 часот машки термин и 22:00–24:00 часот бесплатен мешовит термин за нашата група. Вечера. Ноќевање.
2
ВТОР ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) AQUA SPA TERMALE 4* – НОВИ ПАЗАР
    Појадок. Полудневен факултативен излет со локален водич до Нови Пазар, со шопинг и разгледување на Градската тврдина, Алтун Алем џамијата и Амир-Агин хан. Слободно време за користење на спа и велнес центарот според програмата на хотелот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин и 18:00–22:00 часот машки термин. Хотелот дополнително нуди внатрешен и надворешен базен со топла термална вода, велнес и сауни (финска и парна), како и масажи со доплата. Вечера. Ноќевање.
3
ТРЕТ ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) AQUA SPA TERMALE 4*
    Појадок. По појадокот, слободно време за користење на спа и велнес центарот според програмата на хотелот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин и 18:00–22:00 часот машки термин. Вечера. Ноќевање.
4
ЧЕТВРТИ ДЕН – 08.12.2026 (ВТОРНИК) AQUA SPA TERMALE 4* – БИТОЛА / СКОПЈЕ
    Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ДО 25.10.2026 – 175€
РЕДОВНА ЦЕНА – 189€

 

Што е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел AQUA SPA TERMALE 4*
  • 3 ноќевања со појадок (шведска маса) и вечера (порција мени)
  • Користење на внатрешен и надворешен базен со топла термална вода и велнес-сауни (финска и парна)
  • Сместување во двокреветни соби
  • Туристички придружник за време на целото патување
  • Организиран превоз и прием на патници од Велес, Прилеп, Штип и Охрид
  • Организација на патувањето

 

Не е вклучено во цената:

  • Факултативна посета на градот Нови Пазар – 10€ (доплата на лице место)

 

УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:

  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 години, детето плаќа 100% од цената.
  • Дете до 3,99год - бесплатно во трокреветна соба, а деца од 4-11,99год - 50% во трокреветна  / четворокреветна 
  • За еднокреветна соба се доплаќа 45€.
  • За сопствен превоз, не се одбива од цената
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето најдоцна 7 дена пред поаѓање, согласно Општите услови за патување.
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а целосната доплата се врши најдоцна 10 дена пред поаѓањето.
  • Патниците се должни за време на патувањето да ги почитуваат упатствата на туристичкиот придружник.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на НАТА и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ.